КАСАМИ ДО МАКСО ЗА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ ВО ВЛАДИНИТЕ КАБИНЕТИ : НЕ Е ДИМИТРИЕВСКИ ТОЈ ШТО ОДРЕДУВА КОГА И КАКО ЌЕ СЕ КОРИСТИ НАЦИОНАЛНОТО ЗНАМЕ

0
281

– Не е Димитриевски кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме. Посакуваме коалицискиот партнер, во случајов претседателот на ЗНАМ, да излезе од предизборната реторика и да разбере дека сега сме дел од власта и мора да работиме за доброто на граѓаните. Ние како граѓани Албанци на оваа држава ги почитуваме и поддржуваме граѓаните на македонската заедница во заштитата на нивниот идентитет, а истото го очекуваме и од македонските граѓани да ги поддржат Албанците во заштитата на нивниот идентитет, националното знаме е важен сегмент од ова, рече Касами од тетовска Стримница.