КАСАМИ : ДА БИДАМ ИСКРЕН, ОЧЕКУВАМ ГЛАСОВИ ОД СДСМ

0
249

Без разлика што за многу постапки на функционери на ДУИ не сме задоволни, имаме стабилна коалиција на централно ниво, бидејќи задоволни сме од генералната ориентација во владата за продолжување на европскиот процес, рече лидерот на Биљал Касами, кој во вториот круг на локалните избори ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ за градоначалник на Тетово.

– Во изборната битка очекувам фер игра од коалициските партнери. Локални избори се за понуда на кадри и програма за локални теми. Но, да бидам искрен, очекувам гласачите на СДСМ да ме поддржат мене, зашто имаме предизборна коалиција и тие гласачи веќе гласаа за мене како носител на пратеничка листа на ланските избори – рече Касами на Телма.

Тој додаде дека има позитивни вибрации од активисти на Алијанса за Албанците, како и од сите граѓани кои, рече тој, сакаат промени во Тетово. Касами додаде дека како кандидат за градоначалник остварува контакти со граѓаните, додека останатите контакти се работа на изборниот штаб.

-Општина Тетово има најголем проблем со финансиите. Арифи наследи долг и го одржа долгот, но уште пострашно е што овие пари се потрошени за плати и тековни трошоци, а не за капитални инвестиции, не за подобрување на животот на граѓаните, за паркинзи, канализации… Парите се потрошени за купување на гласови – рече Касами, ветувајќи средување на општинските финансии, пренесува Фокус.мк