Синоќа во Кочани беа прогласени најдобрите во спортот за 2024 година. Каратистот Филип Стојанов е избран за спортист на Кочани за претходната година. Тој минатата сезона учествуваше на Државно, Балканско и Светско првенство.
„Пред се голема благодарност на општина Кочани и асоцијацијата за избор на спортист на годината, доста значи за повеќе работа, поголеми успеси имам доста голема цел оваа година 2025. Претстојното Европско првенство што ќе се одржи следната недела“, рече Стојанов.
Најдобриот спортист на Кочани ќе учествува и на Европско првенство, а подготовките веќе се во самиот финиш.
„Јасно е поставена одиме на медал, се надевам на најдобро можно ниво, да ја претставиме нашата општина, наташа држава и ќе ми биде чест. Подготовките траат веќе од месец јули како што реков имаше доста полна агенда, бевме на Светското првенство, потоа одма на Балканското првенство, потоа беше Државното првенство, потоа немаше паузи, директно траеше подготовката за Европското првенство“, додава Стојанов.
Второто место го освои Мартин Андов од клуб за гимнастички спортови Кочани, а пак третото место и припадна на Наталија Карова од карате клубот Кочани.
За најдобар тренер беше прогласен Зоран Сребренов од боречкиот клуб Спартак.
„Голема чест и задоволство ми е што ја добив ова награда од големо значење ми е, сакам во оваа прилика да и се заблагодарам на сите луѓе од клубот што веруваа во мене, исто така и на спортистите и оваа награда нека стимул и за нив за уште понапорно да работиме и за поголеми успеси. За борењето секако доаѓаат подобри денови на добар пат сме оваа година со сигурност поголеми успеси и од Европско првенство“, вели Сребренов.
За најдобар спортски работник беше прогласен Столе Тошев.
Извор : М-Нет.МК