Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

КАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ПО ТЕШКАТА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ МОРА ДА ИМА ПРОМЕНА НА ЦЕЛОКУПНИОТ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

Тешката трагедија што се случи во Кочани донесе колективна траума која ќе остави трага во нашето општество.

Тоа што треба да биде лекција е дека вакви тргаедии веќе никогаш да не се повторат, но и дека мора да има промени на целокупниот систем,  истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, при гостување на ТВ Канал 5, во рамките на солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани“.

Ова што се случи во Кочани е една колективна трагедија и траума, би рекла, нешто што ќе остави трага во ова наше општество долги години.  За семејствата и блиските на загинатите, па и на децата коишто се повредени и се се уште на болничко лекување во моментов, веројатно нема ниту зборови, ниту дела што значат утеха. Но тоа што треба да биде лекција за сите нас како општество е да ја извлечеме поуката од оваа ситуација, да ги менуваме работите за никогаш да не се повтори ваква трагедија.

Една поука којашто гледам дека ја извлекуваме и демонстрираме, тоа е емпатија и солидарност. Ама потребни се и промени на системот. Да се надеваме дека оваа криза ќе биде повод за промена, за подобрување на целокупниот наш институционален систем, нашето функционирање, подобрување на нас како граѓани, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.

Каранфилова Пановска, нагласи дека СДСМ ги става на располагање и во функција сите свои ресурси но клучна е улогата на Владата.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ