Факт денеска е дека Артан Груби не е во државата, факт е дека Артан Груби два дена откако е поднесена кривичната пријава исчезнува, дека слободно ја поминува границата и премногу сомнежи дека тоа не е случајно, нагласи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.
Каранфилова Пановска истакна дека Груби ја поминал северната граница со Косово, покажувајќи ги своите патни исправи, а при тоа службеникот којшто е на смена, не го проверил, иако има веќе забрана за премин на границата, а другите службениците, на граничниот премин имаат на себе камери кои во тој момент немаат батерии, односно камерите не работат.
–Се случиува дека главен раководител на контролата границата во тој момент е човек, којшто е од доверба на министерот Тошковски, именуван на таа функција минатиот месец, со решение. И дека тој истиот по настанот е на боледување, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека има доволно основани сомнежи дека заминувањето на Груби од државата не е случајно и не е само затоа што се направени пропусти.
Каранфилова Пановска нагласи дека СДСМ сега бара од министерот Тошковски, од министерството за внатрешни работа е да излезат комплетно со деталите за тоа како се случи Артан Груби да избега од државата.
Во спротивно апсолутно се основани нашите тврдења дека бегството на Артан Груби е директен политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаде таа.