Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: КОЧОСКА ГИ НАВРЕДИ СИТЕ ЖЕНИ И ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕНА

Денес заедно, го креваме нашиот глас, затоа што 8 ми март не е само за честитање туку ден на женската храброст, борба и непоколеблив дух, потсетник на вековната битка за права и еднаквост, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од маршот по повод меѓународниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Каранфилова-Пановска нагласи дека борбата не е завршена, и ја истакна реалната опасност од десничарските политики, кои сакаат да ги негираат правата изборени со крв, пот и солзи, повторно да ја сведат жената на улога што не ја избрала, што сакаат да го загушат нејзиниот глас.
Најсвеж пример, за тоа се навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени. Овој инцидент не е изолиран случај, туку показател на подлабоката дискриминација со која жените се соочуваат, дури и на највисоките позиции во општеството. Министерка која навредува, дискриминира и гази врз човечкото достоинство, а по попис и опис има задача да им служи на граѓаните не смее да биде дел од Владата.
Кочоска ги навреди сите жени и треба да биде разрешена, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ, кој годинава се одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ