Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

КАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА ЗА ЛОКАЛНО : ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВМРО-ДПМНЕ ГО СРОЗИ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД И ГРАЃАНИТЕ

Сѐ  што им ветуваше ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски на граѓаните во предизборието, со политиките кои ги спроведуваат пост-изборно во овие шест месеци се демантираа себе си, односно докажаа колку предизборните ветувања биле лажни, посочи заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во интервју за Локално.
Говорејќи за политиките на власта, Каранфилова Пановска рече дека ДПМНЕ за шест месеци уништи се што СДСМ имаше спроведено како добри политики од кои граѓаните беа задоволни.
„Квази-патриотските и националистичките ветувања за враќање на „гордоста“ на македонските граѓани, онака како што тие погрешно ја разбираат за жал, паднаа во вода. Животниот стандард на граѓаните е срозан, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите само затоа што ВМРО одлучи да не продолжи со политиките на СДСМ за покачување на минималната и просечната плата, воведе мерки за наводно намалување на цените, кои освен бум на цените на основните производи и повеќе профити на трговците и бизнисот, не донесоа ништо друго“, рече Каранфилова Пановска.
При тоа, Каранфилова Пановска посочи дека додека платите на работниците се замрзнуваат, ДПМНЕ се грижи за порастот на платите на своите функционери во власта, иако во предизборието ветуваше нешто сосема поинаку.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ