Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: БЕЗМАЛКУ 500 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ КАМАТИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ

За кредитот од една милијарда евра, државата ќе плати безмалку 500 милиони евра камати во следните 15 години – средства кои можеше да се насочат кон училиштата, болниците и патиштата, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска на денешената прес конференција .

-Владата мора да одговори – дали очекува дека економскиот раст ќе ги оправда овие половина милијарда евра камати? Реалноста покажува дека тоа е невозможно, бидејќи овие средства, наместо во нови производствени капацитети, ќе завршат во мали и краткорочни проекти без значително влијание врз економскиот раст, рече Каранфилова Пановска.

Дополнително, договорот со унгарската Експорт-импорт банка содржи сериозни институционални недостатоци, што покажува неподготвеност и потфрлање во водењето на јавната финансиска политика, додаде таа.

-Економските штети од овој договор се сериозни и далекусежни: Договорената каматна стапка од 3,25% годишно може да изгледа конкурентна, но дополнителната камата од 1,95% за 250 милиони евра што ќе се пласираат преку комерцијалните банки значи дека граѓаните и компаниите ќе плаќаат ефективна камата од 5,2%. Ова ги прави кредитите од унгарските средства поскапи од оние што веќе ги нудат домашните банки, каде што просечната каматна стапка е 4,78%.На долг рок, ова задолжување ќе го намали потенцијалот за економски раст и ќе создаде дополнителен товар за граѓаните и стопанството, рече заменик претседателката на СДСМ.

Владата мора да сноси одговорност за ова штетно задолжување и јавно да објасни како планира да ги намали негативните последици од овој договор врз економијата и граѓаните.

-Ова задолжување ја осиромашува државата, ги намалува јавните инвестиции и создава непотребна зависност од странски интереси. Наместо овие средства да се користат за подобрување на квалитетот на живот, тие ќе завршат во рацете на странски банки и адвокатски канцеларии. Македонските општини ќе останат со празни раце, а македонските компании со скапи кредити кои ќе го отежнат нивното работење, рече Каранфилова Пановска.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ