Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

КАПИТЕНОТ НА КРИСТАЛ ПАЛАС МАРК ГЕИ НЕМА ДА БИДЕ КАЗНЕТ ПОРАДИ РЕЛИГИОЗНИТЕ ПОРАКИ

Англиската фудбалска федерација соопшти дека нема да поведе постапка против капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, кој во неколку наврати имаше религиозни пораки на својата капитенска лента.

Геи доби опомена по натпреварот со Њукасл откако на капитенската лента испиша „Јас го сакам Исус“, но фудбалерот очигледно нема да намера да ја послуша сугестијата и на мечот со Ипсвич Таун повторно имаше порака која гласеше „Исус те сака“.

Реакциите доаѓаат затоа што англиската ФА забранува било какви религиозни пораки и пропагандни материјали за време на натпреварите, но очигледно Геи нема да добие никаква казна за овој потег.

Сезонва капитените на премиерлигашките тимови неколку пати носеа ленти со поддржка за ЛГБТ заедницата, но никогаш немаше никакви пораки со религиозна содржина. Многумина во јавноста сметаат дека Геи не сторил ништо лошо и веројатно ќе мине без никаква санкција.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ