Канзуров : Ороводачот на насилниците од 27 април, Игор Дурловски, сака да ја убие и европската перспектива на Македонија

0
654

Оваа објава на оперскиот пејач и изборен кандидат на ДПМНЕ-Ваљево Игор Дурловски, покажува дека партијата на бегалецот во Будимпешта Коле Груевски и на дојденецот од ЛДП, војводата Мицко Крстић, освен другите кусури, кои ги има, зрачи и со конфликтност, незнаење, инаетење и намерно прикривање на вистината.
Треба да си бескрајно подмолен или неписмен, да напишеш за луѓе, кои се сметале за Бугари: „Да останеме доследни на заветот на Миладиновци, кои достоинствено и одговорно ги презентираа пред светот, посебностите на македонскиот народ, неговата кулотура и традиција“.

Можел во Спомен домот на браќа Миладинови во Струга, пред кој положил цвеќе, да влезе жалниот Игор Дурловски и да прочита дека зборникот на браќа Миладинови, се вика „Български народни песни от Македония“ и оти во своите писма браќата јасно се изјаснувале како Бугари, години и години пред да има бугарска држава и бугарска црква.

Навистина, до кога ќе живееме во ваква шизофренија и со прифаќање и покорување пред овие лаги?!

Фејсбук статус на новинарот и публицист, Виктор Канзуров.