КАМЧЕВ: ШЕФОТ НА ДБК, НИКОЛОВСКИ МИ ПОМОГНА ДА ОБЕЗБЕДАМ ДОКАЗИ ПРОТИВ БОКИ И ЈАНЕВА

0
396

Бизнисменот Орце Камчев веќе втор час сведочи за случајот „Рекет“ во Кривичниот суд.

Раскажувајќи, како наводно, бил рекетиран и како осмислил да обезбеди докази, кажа и дека прв за се што се случува бил известен тогашниот директор на УБК, Горан Николовски Џони.

-Се мислев на кого да пријавам, кога сите беа вмешани. Имам познанство со Горан Николовски, тогашен директор на УБК. Пријавено е кај него и евидентирано. Кога ги дадов парите, еден милион евра, уште еднаш пријавив кај Николовски во УБК. Тој ми даде многу добар совет. Да зачувам се, хард дисковите, сите уреди кои сум ги користел за снимање. Ми рече дека единствена личност на која може да и верувам е обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев.

Извор: Фокус