Камчев на Боки: „Износот е договорен, за љубов се потребни двајца“

0
746

Обвинетиот Бојан Јовановски во телефонски повик кон Орце Камчев му вели дека се сомнева оти некој го слуша ниниот разговор, а пак, оштетениот Камчев тврди дека тоа не е така, бидејќи е сам и на пат и во тоа го убедува во текот на целиот разговор, велејки му дека ќе се слушнат подоцна, пренесе А1он.

„Почуствував дека разговорот го слуша уште некој“, вели Јовановски, а Камчев вели „Сам сум возам кола, одам на пат, сам возам. Овие разговори не се зборат пред никој, не сум дете“.

Потоа, во снимките се слуша дискусија меѓу Јовановски и Камчев како разговараат за надлежностите врз предметите од СЈО, откако тоа ќе престане да постои.

Камчев и Јовановски се кладат за тоа кој ќе ги превземе надлежностите за предметите на СЈО. Камчев вели „А надлежностите кој ќе ги преземе“, а Јовановски одговара „СЈО“.

Јовановски додека разговара со Камчев, телефонира, а обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето рече дека тоа е повик со обвинетата Катица Јанева.

„На гости сум кај Орце. Седиме. Да знаеш дека останува при целиот наш.. Е така, ни лево, ни десно“, вели Јовановски во телефонски повик, а во позадина од повикот се слуша гласот на Катица Јанева.