Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ ГЛАСАЛА, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОРАЧА : ВАШИОТ ГЛАС Е ВАША МОЌ!

Потпретседателката на САД и  кандидатка на демократите за иден претседател, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на изборите така што неодамна го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија, каде што била регистрирана.

Јас всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Така гласав – им рекла Харис на новинарите во Детроит, пренесе Си-Ен-Ен.

На прашањето дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека таму и ќе стигне.

 Вашиот глас е ваша моќ – потенцира таа на платформата Х, потсетувајќи дека изборите ќе се одржат на 5 ноември.

Харис ги охрабри гласачите да користат онлајн ресурси за да го планираат своето претстојно гласање.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ