КАЛЕСКА ВАНЧЕВА : МИЛОШОСКИ ДА ГО ОДБЛОКИРА ЗАКОНОТ ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ А ДПМНЕ ДА ГО ПОДДРЖИ

0
130

Прес-конференција , Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Го повикуваме пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.
Предлог Законот до Собранието е доставен на 6 ти февруари, пред месец и половина.
Значи месец и половина Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешни.
Бараме Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки.
А Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.
Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот. Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.
Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната лист е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки.
Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.
Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.
Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција, во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.