Иницијативата за велепредавство на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е будалаштина, глупост, која нема правна легитимност и е обид, обвинетите функционери да си ја спасат кожата, вели професорот од Правен факултет и претседател на Хелсиншки комитет- Македонија, Гордан Калајџиев.
Професорот смета дека ова е обид да се дефокусира јавноста од сериозните обвинувања кон премиерот, министрите и неговите наjблиски соработници. Калајџиев, за А1ОН, вели дека владејачката партија со овој трик влегла во „предизборна кампања„.
„Ова е обид да се спасат од сериозните обвинувања за кои треба да одговараат. Од почеток го гонат Заев преку пропагандата на извршната власт и ВМРО-ДПМНЕ, која ги темели своите позиции на тоа. На овој начин се вадат од обвинувањата за криминал и корупција. Иницијативата е уште еден контранпад со кој Заев ознанува нешто што е штетно. Ако е нешто штетно во случајов тоа се криминалот и корупцијата. Ги привикнуваат луѓето дека тоа е нормално и дека треба да се штитиме од помалото зло за да не ја загубиме Македонија, демек ако падне од власт ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја снема Македонија„ оценува професорот.