Калајџиев: Иванов се стави и над законот и над Собранието, ова е срам за еден универзитетски професор по право

0
854

Ова што денеска го направи претседателот Ѓорге Иванов е класична злоупотреба на овластувањата. Ова е реакцијата на професорот по кривично право Гордан Калајџиев за денешната постапка на Иванов, со која ги аболираше и ги амнестираше сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, против кои има правосилна судска одлука.

– Претседателот се ставил и на законот и над Собранието, Специјалното јавно обвинителство, со тоа што практично направи амнестија на сите политичари. Амнестијата се прави со донесување закон и тоа го прави Собранието, а не претседателот. Тој треба да исправува неправди, а не да прави вакви работи. Ова е срам за еден универзитетски професор по право – вели за „Мета“ Калајџиев.