Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

КАЛАЈЏИЕВ : ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ПОМАЛКУ ПОМИЛУВАЊА

Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за 24инфо.мк вели дека бројот на помилувања во земјава е мал, а краток е и рокот на ослободување од издржување казна затвор.„Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги, а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха“, вели тој.

Калајџиев вели дека условите во македонските затвори се катастрофални, а дека казнената политика е многу поостра споредено со земјите на ЕУ. Тој додава дека во затворите со години луѓе лежат за сообраќајки или за симболично количество дрога што го поседувале. За вакви прекршоци во ЕУ, според него, казните се помали.

Притоа додава дека Идризово е најлош затвор во Европа. „Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно“, смета Калајџиев. „Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман“, вели Калајџиев.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ