КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА ОВА СО ПИРОМАНИЈАТА СТАНА ХОБИ ВО ПРИЛЕП : ПРИЛЕПЧАНЕЦ МУ ГО ЗАПАЛИЛ АВТОМОБИЛОТ НА СИНОТ ВО РАСПРАВИЈА, ВО ЕДНА НЕПОЛНА НЕДЕЛА ТРЕТ СЛУЧАЈ НА ПОТПАЛЕН АВТОМОБИЛ

0
494

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишија од слобода Г.К. (47) од Прилеп, кој предизвикал општа опасност, палејќи го возилото на синот.

Според МВР, постапено е по пријава во 16.47 часот, според која, на улицата „Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило „БМВ” без регистарски ознаки, сопственост на М.К. (26) од Прилеп и се преземени мерки и активности.

Пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.