Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба да бидат одбивни, нетрпеливи или иритирани. Од Здружение на новинарите на Македонија ги соопштија сите насоки коишто политичарите треба да ги следат кога ќе комуницираат со новинари во моменти на трагични настани. Насоките се дадени за како политичарите ТРЕБА и како НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите коишто ги пренесуваат сите информации до јавноста.
ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ ТРЕБА ДА …
Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба да бидат одбивни, нетрпеливи или иритирани. Задолжително треба да избегнуваат сарказам, превртување на очи или покажување на надмоќност. Не треба да ја минимизираат трагедијата и не префрлајте вина на други.
Многу е важно за политичарите да не прекриваат информации и да не избегнуваат одговори. Не треба да одговараат со нејасни и празни фрази. Доколку одредени информации сè уште не се достапни, треба да кажат отворено наместо да бегате од прашањата на новинарите. Не треба да даваат погрешни или контрадикторни информации – тоа создава недоверба и шпекулации кај новинарите и граѓаните. Политичарите не смеат да ја користат трагедијата за политички маркетинг. Ова не е време за политички поени или ПР настапи. Не треба да ветуваат нешто што не можат да го исполнат. Не смеат да ја користат трагедијата за напад на политички противници. Политичарите никако не смеат да за ништо да ја криват јавноста, медиумите или жртвите Не треба да сугерираат дека жртвите сами си се виновни. Не треба да се напаѓаат новинарите дека „ширеле паника“ само затоа што поставуваат тешки прашања. Медиумите имаат право да информираат – почитувајте ја нивната улога.
ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА …
Покажат емпатија и човечност. Изразување сочувство искрено, а не само со подготвени изјави. Треба да покажат разбирање и почит кон семејствата на жртвите. Тонот на нивниот говор и на телото треба да одразуваат загриженост.
Треба да бидат транспарентни и да даваат јасни информации. Задолжително споделување на точни информации на време, дури и ако се ограничени. Објаснување на што се знае, што се истражува и кога ќе следуваат нови информации. Доколку се направени грешки, треба да ги признаат и да ги и објаснат како ќе бидат исправени.
Треба да ги почитуваат новинарите и нивните прашања. На прашање треба да одговараат директно и да не покажуваат непријателски став. Треба да дозволат дополнителни прашања и покажете трпение. Ако нешто не знаат, треба тоа да го признаат, наместо да го шпекулираат.
Треба да ги објаснат следните чекори без да ја политизирате трагедијата. Задолжително кажување кои итни мерки се преземаат за да се реши ситуацијата. Смирете ја јавноста со факти, а не со празни ветувања.
Фокусот треба да биде на жртвите и нивните семејства, а не на политички интереси.
Извор: Новинска агенција МЕТА