КАКО НА ФИЛМ : БРКАНИЦА НИЗ СКОПЈЕ ВО ОБИД ПОЛИЦИЈАТА ДА УАПСИ БЕГАЛЕЦ ОД ЗАТВОР

0
139

Ноќеска жителите на скопски Аеродром биле сведоци на полноќна бркотница меѓу полицијата и бегалец од затвор, кој се барал со потерница, пишува „360 степени“

Во објавените видеа се забележува како полициските возила пресретнуваат возило во кое се наоѓале бегалецот и уште неколку други лица.

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ го потврдија случајот. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

„Околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д. Д. во патничко возило ‘алфа ромео’ во кое имало уште две лица. Тој на даден знак не застанал, туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А. А. (23) и уште една 17-годишна малолетничка, која е предадена на родител. Д. Д. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци“, велат од МВР.