Вечерва во кафуле во Штип се случил вооружен напад во кој едно лице е повредено. Според неофицијални напаѓачот по инцидентот побегнал со возило марка BMW.
Возилото било забележано кај патарината Миладиновци, каде што напаѓачот не застанал на „стоп“ знак на почивијата, ја пробил рампата, и продолжил да вози со голема брзина. Полицијата реагирала веднаш и отворила оган кон возилото во обид да го запре.
Повеќе детали за овој случај во текот на денешниот ден од страна на МВР која во моментот работи на негово расветлување.