Како ли само сите заедно спијат: Потрагата по Даниела Рангелова носи до адреса со 127 гласачи!

0
730

На електронскиот Избирачки список на Државната изборна комисија има три начини за проверка чие име е на гласачкиот список. Секој полнолетен граѓанин со право на глас може да се провери преку „име и презиме“, „адреса“ и „матичен број“. По предупредување на граѓани дека имаат сознанија, дека високи функционери на власта се вмешани во инсталирањето на фантомски гласачи на списокот на ДИК, а за некои и се потврди тоа, „Фокус“ направи проверка со името на претседателката на Унија на жените, Даниела Рангелова. Иако според податоците од списокот не може да се утврди нејзина одговорност и вмешаност во лажирање на Избирачкиот список, сепак потрагата открива дека на адресата на која живее извесна Даниела Рангелова постојат, верувале или не, 127 гласачи. Неколкумина одговорни граѓани кои таргетираат сомнителни гласачи во списокот и утринава предупредија дека има многу адреси на кои има по стотина гласачи, пишува „Фокус“.

Ова е само уште една потврда во каков хаос е Избирачкиот список и дека ДИК навистина ќе има тешка задача да ги открие и да ги отстрани сите недоследности за да може да се организираат чесни избори. Тоа ќе значи дека секој гласач ќе мора да го има на еден список, со една адреса и во ниту еден случај не смее да се дозволи да останат валидни гласачите чии имиња се појавуваат на една адреса, ама по стотина гласачи.

Izbiracki-spisok-brvenica-620x587

Целиот текст ОВДЕ