Како Иванов дознал за (само)убиениот Коста Крпач?

0
614

Сепак, Иванов не се држел само до ланските пријави на СДСМ, а доказ за тоа е и одлуката со која го аболираше сега веќе починатиот Коста Крпач, а во која се наоѓаат и Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП и директорот на НВСП, Христијан Панев. Овие тројца не се спомнати во кривичните пријави на опозицијата, иако фирмата НВСП беше дел од „бомбата“ за набавката на израелската опрема, пишува Бирн.

За случајот со опремата, СДСМ поднесе кривични само за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, неговата соработничка Светлана Костова и за израелскиот бизнисмен Хаим Хакијни, а Иванов токму по овој редослед ги аболираше.

-Според нашите неофицијални информации случајот за кој е помилуван Крпач индиректно е поврзан со израелската опрема и затоа уште е поголема енигмата како Иванов дознал за истрага која се оформила во СЈО и за која можеле да знаат само специјалните обвинители. СЈО веќе се изјасни дека Крпач не бил осомничен за ниту еден предмет што се води во ова обвинителство, а тој, сепак се најде на листата помилувани. Одговорот на дилемата може да се бара во завчерашното соопштение на Основниот суд – Скопје 1 од кое дознавме дека СЈО барало судска дозвола за претрес во станот на Крпач – пишува Бирн.

Така размислува и адвокатот Александар Тортевски.

„СЈО барало дозвола да се изврши претрес во станот на Крпач. Оваа информација од судот била проследена до Иванов, кој го ставил Крпач на списокот за аболиција, иако тој бил само сведок, самиот се пријавил и соработувал со СЈО. Ниту судот, ниту Ѓорѓе Иванов не знаеле дека претрес може да се бара и во просторија на лице кое не е осомничено или е сведок, како што било во случајов“, коментира адвокатот.

Тортевски потенцира дека сите овие постапки се тајни информации.

„Овие постапки не смеат да се објавуваат и до нив по легален пат не смеел да дојде ниту Ѓорѓе Иванов,“

Тортевски: Крпач е случај за СЈО Адвокатот Александар Тортевски смета дека СЈО мора да воспостави надлежност за сите случаи кога лица или институции вршат каква било опструкција на нивната работа.

„Па, така и во случајов СЈО мора да ги документира сите притисоци на кои Крпач бил изложен.“

Судски извори коментираат дека токму обелоденувањето на името на Крпач и неговото ставање на списокот на помилуваните, го загрозило неговото својство на сведок пред Специјалното јавно обвинителство. СЈО на 1 април поднесе иницијатива до Собранието за измени и дополнување на Законот за заштита на сведоци, со цел да се заштитат овие лица, но Собранието се распушти без да ги изгласа измените. Крпач во средата беше најден со прострелна рана во градите во својот стан, откако пред тоа наводно пукал врз комбе паркирано пред зградата во скопската населба Капиштец. Истрагата уште не открива дали станува збор за самоубиство.

Адвокатот Тортевски смета дека и за другите постапки изворот на информации е скопскиот кривичен суд.

„За мене нема дилема дека Основниот суд – Скопје 1 е изворот од кој Горѓе Иванов ги добил информациите за тоа кои се лицата против кои се водат како истражни така и предистражни постапки. Направен е целосен преглед за сите предистражни мерки кои СЈО ги барало од судот и за кои лица и кое кривично дело и по тие информации се изготвени решенијата за аболиција.“.

Хелсиншкиот комитет денот по одлуката за аболиција им поднесе кривична пријава на претседателот Иванов и на непознати лице или лица кои му ги откриле доверливите податоци од постапките на СЈО. Комитетот нема дилеми дека е повредена тајноста на постапката во овој случај, а самиот чин е кривично дело за кое законот предвидува парична или казна затвор до една година.

текстот во целост прочитајте го ОВДЕ