КАКОВ ШОК ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА ГЛАВНИТЕ ПРОТАГОНИСТИ НА РЕЖИМОТ ВО БОМБИТЕ НА ЗАЕВ : ВО ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА СПЕЦИЈАЛНО СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ

0
3150

На Првата меѓународна судска конференцијата „Независно судство“ во Охрид се разговараше за потребата од непристрасно судство за предметите на Специјалното јавно обвинителство, мандатот од само година и пол на СЈО и за законските можности за формирање специјално судско одделение.

„Предметите на СЈО во врска со неовластеното следење на комуникациите и високата корупција и злоупотреби треба да се разгледаат од страна на непристрасно судство, ослободено од политичко влијание. Овој процес е најважен, за да покаже дека Македонија има капацитет да се справи со такви обвинувања“, кажа Дејвид Стивенсон, шеф на политичкиот и економскиот оддел во Амбасада на САД во Скопје.

Тој нагласи дека има многу извештаи, како оној на Рајнхард Прибе, кои говорат за манипулации со системот за распределба на судски предмети, разместувања на судии без причина, промени во постапувањето на судовите при рутинско прифаќање на барањата за притвор – алармантни одлуки кои иако недоследни на постојните законите, се носеа се додека СЈО не започна со својата работа.

Во контекст на ова, актуелни се барањата по изборите да се формира специјално судско одделение во кривичниот суд, кој ќе постапува само по предметите на СЈО.

„Формирањето посебно судско одделение мора да биде добро регулирано со закон, кој ќе гарантира независност и сигурност и на тужителот и на судиите кои ќе работат во тоа одделение. Нивниот мандат мора да биде најмалку 6 години, бидејќи извршната власт може да манипулира доколку тоа тело има краток мандат“, рече Радмила Драгичевиќ, судија во Врховен суд во Србија.

Изненадена од информацијата дека македонското СЈО има мандат од година и пол, таа истакна дека тоа е несериозно бидејќи за толку краток рок не може да се заврши еден сериозен предмет бидејќи судските процеси и истрагите кои се водат за предмети поврзани корупција и криминал траат со години, а во меѓувреме стигнуваат и нови предмети.

Судијата Лазар Нанев појасни дека законот за судовите во Македонија не прави никаква пречка за формирање на специјално судско одделение, доколку за такво нешто постои потреба.

„Клучно прашање не е формирањето одделенија, туку поставувањето судиите кои би постапувале по предметите. Во судските одделенија не се избираат судии, тие се распоредуваат согласно годишниот распоред за работа. Тоа е клучната дилема“ вели Нанев.

Меѓународната судска конференција во Охрид се одржува денеска и утре, во организација на Здружението на судии на РМ и Врховниот суд на РМ, а во соработка со Институтот за централни и источноевропски иницијативи од Прага (CEELI Institute Prague) и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Извор : САКАМДАКАЖАМ