Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

Какво расипано копиле : Груевски знаел кој го убил Нешковски и кој го криел убиството, се обидувал да си ја спаси сопствената кожа!

Лидерот на СДСМ објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски и со кој се разобличува се.

– Не само Јанкулоска, Мијалков, Котевски и Протугет, туку и лично Никола Груевски знаел за убството на Нешкоски. Знаел кој го убил и кој го криел убиството, знаел дека МВР правела неточни записници за да не се дознае вистината. Никола Груевски наместо да побара целосно расчистување на слуачјот и одговрност од надлежните во МВР се впуштил да ја спаси сопствената кожа. Никола Груевски ги излажа родителите, пријателите на Нешковски, се обидел да ја убие вистината за Мартин Нешкоски.

Nikola-Gruevski

Тој диктира завршница на целито случај, неоговото обезбедување да нема никаква врска со убиството, полицаецот Спасов наредува да се каже дека приватно дејствувал а не како службено лице. Тој како да ја напишал предвреме и пресудата за полицаецот Спасов, рече Заев на прес конференцијата.

14.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Мора да ги стегнеме мислам принципиелно некои работи

НГ: Не знам што више да стегнам, што не сум им кажал, што не сум му напраил на овој Урко, едино да го сменам од функција…

ГЈ: Ги стегам и јас мислам ја вака понекогаш…

НГ: Као циган лаже, лаже као циган…

ГЈ: Мене значи највише тоа ме извади од такт, да не ја замајуваат целава работа, ќе ја расчистевме многу брзо значи замислете они вечерта со записникот пошо мене никој не може да ме убеди дека така случајно е напраен записникот… падна, стана, ова она беше како непознато лице пронајдено а овој Спасев е прв на лице место таму, значи ние правилен записник да имавме ќе ја фатевме здраво работава, немаше ни да дојде до овде. Коа се дигна галама, коа притиснавме, ааа па не беше баш така, па го удрил, па паднал на кабелот се сопнал… мислам ко мали деца да сме… башка што ја викам, добро овие комуњариве крештат ама некои принципиелни прашања не ги поставуваат…како бе може со усна наредна специјалец да иде на работа

НГ: Не може…

ГЈ: Па не може… Не може специјалец, некој малку шо знае процедура ќе му се крене коса на глава… а усната наредба е…

НГ: Не знам еве види ти како… доаѓаше по митинзи, како оној Гром доаѓаше, како Оливер доаѓаше…

ГЈ: Усната наредба е таа претседателе, на мобилен дојди таму и таму

НГ: Е па на усна ти треба да ги пратиш у Арачиново да седат,…

ГЈ: Ама ја најсериозно…

НГ: … па друг пат нека слушаат усна наредба

ГЈ: Ја најсериозно, за ова ај сеа да го затвориме случајов шо ни тежи малку да се растеретиме… кој смее бе на усна наредба да оди на работа еве вакво нешто ќе се деси кој е крив и зел прееска ми вика ај вика кажи му на Хитлер тој им е началник он да каже дека му дал усна наредба… лом го напраив, викам како бе да му кажам, вие сте ја оплескале и уште 10 души да заглавиме сега, на што личи тоа… ако треба нешто да правиме дај до тука сме ја оплескале, да ја опраиме работава, мораме да ја затвориме… и све така ко мали деца некоја лага ситна

НГ: Ај да не глеав али боље шо не сум глеал…

ГЈ: Не немојте, не пуштајте, ја глеав мислам дека лексилиум треба…

НГ: Доволно сум нервозн и без тоа…

ГЈ: И без тоа… А1, Алфа ја и по Фејсбук гледам за да знам утре сакам да дадам изјава да не биде дека бегаме

НГ: Да, да, да…

ГЈ: Ама морам да видам шо зборат за да се спремам, и ви кажувам почнале по Фејсбук, од обезбедувањето…

НГ: Не, ти категорично кажи им тој не е член на обезбедувањето на премиерот…

ГЈ: Не јас секако, нема…

НГ: Тој работи во тигрите и тоа нема врска со обезбедувањето на премиерот, вотор изведен е пред суд веројатно до тогаш ќе има и притвор…

ГЈ: Да, да, да па јас планирам у 12 да дадам изјава па до 11 да го изнесеме пред…

НГ: Тој не бил таму службено, не сме го одредиле службено таму да биде, најверојатно бил приватно и приватно дејствувал…

ГЈ: Мислам, невидено нешто…

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ