КАКВО ЛУКАВО СМРДЛЕ – НАЈДЕ КОЈ ДА ЗБОРИ ЗА УЦЕНИ, ОНОЈ КОЈ ГИ УЦЕНИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ПРЕТХОДНИОТ СОСТАВ ДА ПОТПИШАТ МЕНИЦИ ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА РЕЖИМОТ!!! КАКОВ ЛИГАВ ТИП!!!

0
1762

Поранешниот премиер, а сега осуден на две години казна затвор, Никола Груевски во три по полноќ објави статус во кој ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да издржат и да не гласаат за уставните измени.

-Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог. Над нас натежнаа тешки облаци и предизвици. Треба да се справиме со тоа и секогаш на прво место да ни биде општиот и заеднички интерес на нашата држава, нашиот народ и нација, пишува Груевски.

Тој вели дека „прогонот и жигосувањето“ врз него тој ќе го издржи и сето тоа е второстепено.

-Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се’. Бесни се, ќе им дојде крајот. Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче). Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани. Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!!!, напиша Груевски.