КАКВО ЕПСКО ПЛАЧИПИЧЕЊЕ – ДОКТОР ЛАКИ СЕ ПОЖАЛИ ВО СУДНИЦА : НЕМА СМИСЛА ДА ОДАМ 4 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР?!

0
1731

Бомбите за случајот на СЈО „Тревник“ за бесправно изградените викендички во скопско Зелениково на новинарот Драган Павловиќ Латас одекнаа во судницата на Кривичен. Одбраната го оспори првиот телефонски разговор како небитен, а Латас побара од судот да го прашува поединечно дали го водел секој разговор од вкупно снимените 137 материјали, според европската пракса.

Латас побара од СЈО и прецизна спефцификација од кого се примени разговорите за да се утврди неговото потекл, како и да се утврди стручна автентичност на разговорите.

-Ниту еден од овие разговори не е објавен јавно според мое сознание. Овие разговори се примени од СДСМ и ние бараме детален опис на доказите кога се примени и стручна автентичност. Бараме секоја страна да се произнесе дали учествувала во овие разговори. Беспредметно е врз основа на лична перцепција да се донесе пресуда врз основа на овие разговори која значи најмалку четири години затвор, рече Латас.

Обвинителката Фатиме Фетаи возврати дека овие прашања се веќе апсолвирани и ги искара него и адвокатката дека не знаат во која фаза е постапката.

-Дајте ни ги сите 60 илјади разговори кои ги имате за Латас, па да слушаме за неговиот живот и дело“, рече адвокатката на новинарот Бегова, на што обвинителката Јосифовска одговори рече дека предмет на обвинението не е животот и делото на Латас

„Дојдов на судење, не на шоу”, дополни Бегова. Таа разговараше на висок тон со обвинителката. Следува пауза, по што судењето треба да продолжи.

Според обвинението, Драган Павловиќ – Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои има сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, градењето на трите викенд-куќи почнало во 2011 година, додека одобрението за нивно градење од општината е добиено во 2013 година, кога веќе биле и завршени.

Во вториот дел од судењето се слушнале снимки во кои се открива дека Латас ги направил викендиците со компензација со земјиште во село Побожје.

ФОТО И ТЕКСТ: СДК.МК