Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

КАКВИ НЕВЕРОЈАТНИ ДЕСПОТИ, ЛИГУШИ, ШАПШАЛИ И МАФИЈАШИ, ПА ОВА ГО НЕМА НИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА – Околу 200 деца останаа заклучени речиси еден час поради посетата на владиниот врв

Над 200 деца останаа заклучени речиси еден час во градинката „Штркче“ во скопски Аеродром, поради посетата на владиниот врв на новоотворените простории. Додека функционерите шетаа низ просториите пред камерите, родителите на децата останаа надвор да ги чекаат на студот. Тие раскажуваат дека обезбедувањето не им дозволило да се приближат до објектот поради посета на „високи гости“, објави 24Вести.

Во посета на новоотворениот објект присуствуваше делегација од Владата, на чело со премиерот Емил Димитриев, од Општина Аеродром на чело со градоначалникот Ивица Коневски, министерот за труд и социјала Ибрахим Ибрахими, како и членови и функционери на ВМРО- ДПМНЕ.

Новиот дел од градинката ја чинел Општина Аеродром речиси 407.000 евра, а прошетката на делегацијата низ новиот објект траеше речиси еден час. За ова време, родителите ги чекаа своите деца надвор на студот. Тие им порачаа на властите да продолжат со проектите, но нивното промовирање во јавноста да го прават без да им го попречуваат секојдневниот живот на граѓаните.

Извор : Плусинфо

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ