Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

Каква била „Ноќта на долгите ножеви“ што ја посакува Валентина Божиновска?

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска, настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“.valentina-bozinovska1

– Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев … Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме „елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион…“ – рече Божиновска.

Инаку, „Ноќта на долгите ножеви“ е име на чистката во нацистичка Германија од 30 јуни до 2 јули 1934 година, кога приврзаниците на Адолф Хитлер извршија серија екгзекуции на неистомисленици.

Во операцијата позната и како „Колибри“, најмалку 85 лица беа убиени, а илјадници завршија в затвор со асистенција на единиците на злогласниот СС, Гестапо и на тајната полиција.

Во тие неколку ноќи Хитлер ги активираше одредите за егзекуција и ја изврши чистката која го промовираше како врховен судија на германскиот народ, ја стави војската под целосна контрола и му ја зголеми популарноста кај средната класа која бараше „ред и закон“.

Извор: Мета

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ