КАЕВСКИ : ШПИЦНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИЦКОСКИ ЗА ЕДНА ГОДИНА СОЗДАДЕ ХАОС ВО ОПШТИНИТЕ!

0
567

Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани,
Хаосот во градот Скопје којшто го создаде ВМРО-ДПМНЕ е најсилен показател за неспособноста и за катастрофата што се случува во општините во кои оваа партија е локална власт.
Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните.
Наместо нешто да сработат за граѓаните ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се фрлија на тендери и провизии.
Сега само го гледаме резултатот на тоа однесување на ВМРО-ДПМНЕ во општините.
За само една година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски создадоа целосен хаос во општините.
Нефункционални јавни претпријатија, поскапи и понеквалитетни услуги за граѓаните, нема проекти, нема инвестиции, нема развој.
Само има раце во мед за тендери, кавги за влијание и провизии. Ништо друго.
Тоа е резултат на шпицниот градоначалник Мицкоски.  Тој самиот се постави како шпицен градоначалник на сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
На партиски настан, на партиска говорница градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ даваа отчет пред Христијан Мицкоски наместо тоа да го прават пред граѓаните кои ги гласаа.
Мицкоски како неговиот ментор и шеф Никола Груевски оди по општините, иако нема никаква надлежност прави увиди и промовира детски игралишта или се фали со проекти на поранешните градоначалници од СДСМ
Шпицниот Мицкоски во име на градоначалникот на Град Скопје, од партиска говорница кажа дека преговара за набавки на 100 еколошки автобуси, исто како што правеше своевремено и Груевски.
И ете го резултатот на шпицниот градоначалник.
Наместо бесплатен превоз во Скопје се случи да нема превоз. Наместо нови еко автобуси не работат ниту старите. Наместо помош за граѓаните во време на криза, има повисоки сметки за комунални услуги. Наместо почисти, имаме нај нечисти општини во историјата.
Ветувањата пред граѓаните не се исполнуваат. Градоначалниците и локалната власт на ВМОР-ДПМНЕ се најголемото разочарување.
Дефинитивно нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ тоа е истата партија која ја интересираат само личните и бизнис интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Мицкоски се најголемото разочарување за граѓаните, најслаби градоначалници досега.