КАЕВСКИ : ПРОРУСКИ ИНСТАЛАЦИИ НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ НА АНТИЕВРОПСКАТА КОАЛИЦИЈА НА МИЦКОСКИ И АПАСИЕВ, КОЈА Е УЛОГАТА НА КОВАЧКИ?

0
439

Пресконференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ.

Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците.

На виделина излегуваат нови моменти кои ја докажуваат поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации.

Ова е едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Од фотографиите што лицето само ги им објавувано на социјалните мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

На една од фотографиите притвореното лице носи облека со националните обележја на Русија.

Руските знамиња на протестите, навредите кон нашите сограѓани од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

И по неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара која е поврзаноста на армискиот дезертер Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието.

Дали токму Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?

Во клучен период за евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Ќе одговара секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата.