КАЕВСКИ : ПРЕСУДАТА ЗА ТАЛИР 2 Е ПОБЕДА НА ПРАВДАТА НАД ЕПСКИТЕ КРИМИНАЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ И БЕЛИОТ ДВОРЕЦ

0
878

Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Пресудата за Талир 2 е нова потврди за епските граници на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.

Со судска пресуда е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.

ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.

Криминалната шема за Белиод дворец е драстична, безобразна, епска.

Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.

А претходно, оваа партија „за џабал’к“ го откупила земјиштето кое било во државна сопственост.

Белиот дворец како симбол на криминалот и корупцијата ќе остане запаметен засекогаш, изграден преку безобразно кршење на Законите и рушење на Уставната поставеност на партиите.

Почитувани граѓани,

Исправена е уште една неправда.

По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните.

Ова е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните.

Освен заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за виновни се прогласени Никола Груевски и Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата во тоа време.

Јавноста знае дека Христијан Мицкоски исто така му беше советник на Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

До ден денеска Мицкоски не само што се нема оградено од криминалот на неговиот ментор Никола Груевски, туку истиот по секоја цена го брани.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси.

ВМРО-ДПМНЕ партија за која што е докажано дека криминално го стекнала своето седиште, од денеска веќе нема образ да зборува за ништо друго, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните.