Една од нашите најголеми обврски е да ги поттикнеме младите да остават во земјата и наша определба е да креираме европски вредности, да бидеме еднакви со младите од високо развиените земји, нагласи Каевски.
Каевски соопшти дека законот за млади, кој е во собраниска процедура, кој ќе им гарантира на младите вклученост во сите проекти , потоа законот за високо образование, реновирањето на студентките домови Гоце Делчев и Стив Наумов.
Тука е пдршката на млади талентирани лица во разни области и науки, поддржани од агенцијата за млади и спорт, но се бара системско решение, за дополнително да се мотивираат младите да вложуваат во својот интелект и капацитет и тоа преку младински центри,првиот е отворен во Кавадарци, за овозможување дополнителна мобилност на младите, истакна на трибината Агенда Млади 2020-24, во организација на СДСМ, претседателот на СДММ Дарко Каевски.