КАЕВСКИ : НА БЛОКАДИТЕ И ДЕСТРУКЦИИТЕ НЕ ИМ Е МЕСТО ВО СОБРАНИЕТО, ОДНЕСУВАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ Е ШТЕТНО И ПОГРЕШНО

0
618
Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

На деструкциите, блокадите и насилството не им е местото во законодавниот дом, во македонското Собрание.

Собранието треба да биде институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните а не алатка за предизвикување штета на граѓаните, на државата.

Среде најголема енегетска и економска криза во Европа по Втората светска војна, кога Собранието треба да носи ефикасни решенија за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади

Патот којшто по налог на Никола Груевски го избира ВМРО-ДПМНЕ е погрешен и тој не значи штета за СДСМ, за Владата или мнозинството туку директна штета врз граѓаните и државата.

Како на Мицкоски да не му е доволно што цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокираат закони важни за граѓаните.

Како да не му е доволно на Мицкоски што го блокираат Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

Со блокада на овој закон ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците среде криза и покачување на нивните плати, спречуваат трајно вработувањае на околу 4.700 наставници и стручни соработници.

Со години е блокиран Законот за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Замислете, ивестиција вредна 500 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ блокира подобри услови за лекување на граѓаните, подобри услови за работа на докторите.

ВМРО-ДПМНЕ го блокира и Законот на служба во Армијата кој обебзедува подобри услови за пензионирање и повисоки отпремнини за војниците.

И тоа му е малку на Мицкоски па најавува нови засилени блокади на Собранието.  Апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните, во паметот му е неговата партиска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда.

Пратениците добиле доверба од граѓаните не да блокираат туку да работат, да предлагаат и носат законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот.

Потсетуваме, пратениците земаат плата од граѓаните и таа плата треба да си ја заработат а не да прават штета.