КАЕВСКИ : ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЗА РЕФЕРЕНДУМ Е УШТ ЕДЕН ДОКАЗ, САМО АПАСИЕВ И МИЦКОСКИ СЕ ПРОТИВ ЕУ

0
545

Ова е уште еден обид на антиевропската коалиција помеѓу  ВМРО-ДПМНЕ и Левица на неуставен начин да го блокира европскиот пат на државата.

Единствени којшто се против ЕУ токму во оваа фаза во којашто се наоѓаме со почеток на преговорите и скрининг процесот се Христијан Мицкоски и Левица.
Криминалната антиевропска коалиција бара спас за својата фотеља, бара спас преку блокирања и штета врз државата.

За среќа на граѓаните ова е уште еден неуспешен обид и овој обид нема да помине. Државата ќе продолжи и понатаму кон европскиот пат секако со сите придобивки којшто ги носи овој процес. Северна Македонија ги започна преговорите и скрининг процесот и како државотворна и одговорна партија верувам дека ќе продолжиме по вистинскиот пат, забрзан, се со цел час поскоро да ги завршиме  обврските и да ги имаме придобивките којшто ги носи европскиот процес на нашата држава.