Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ : ВЛАДАТА НА СДС И ДУИ ВО ЦЕЛИОТ МАНДАТ ИМА РАСТ ОД 1 ПРОЦЕНТ БДП, , А ГО ЗГОЛЕМИЈА ДОЛГОТ НА 3.8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Многу е лоша ситуацијата во државата и ако продолжи со ова темпо ќе биде уште полошо, за само 7 години оваа власт успеа да го зголеми долгот за неверојатни 3,8 милијарди евра. Тоа е цифра која што оваа власт како наследство односно како едно време ни ја остава на нас и на идните генерации на неродените деца“ посочи Маја Кадиевска Војновиќ член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Кадиевска Војновиќ кажа дека оваа влада на СДС и ДУИ ќе биде запаметена како најлоша влада во историјата на Македонија во однос на управувањето со економијата.

„Однесувањето на оваа влада беше како да нема утре, ќе се финансираме со креирање на буџетски дефицити, ќе трошиме повеќе отколку што ни е чергата и едноставно не им е гајле, утре ќе си заминат од власт, кој дојде нека се мисли и нека се мачи. Но тие ги задолжија граѓаните, ги задолжија бизнисите, не задолжија сите нас. Едноставно лоша е ситуацијата, ова сите економисти го знаат. Оваа влада во македонската независна историја ќе биде запамтена  како една од најлошите влади со управувањето на економијата, после онаа на Бранко од транзицијата можам со сигурност да кажам дека оваа влада нема никакви економски ефекти“ нагласи Кадиевка Војновиќ.

Војновиќ додаде дека Македонија предводена од СДС и ДУИ не испорача никакви резултати во економијата а креираше огромен долг.

„Власта креираше огромен долг, а не испорача никаков економски раст. Просечниот раст на целиот период на владеење е само 1,6 проценти. Тоа е испорачување на ништо. Ние не мрднавме по животен стандард пресметан по индикатор кој што цел свет го пресметува а тоа е БДП по глава на жител. Ние не мрднавме од место за разлика од регионот. Србија конвергира кон ЕУ со неверојатно темпо. Црна Гора исто па дури и Косово и Албанија да потраеше оваа власт ќе не претркаа и тоа многу. Изговорот на оваа влада е кризата, пандемијата и енергетската криза но таа ги зафати сите и светот и регионот.Сите останати беа ефикасни во преземање на мерки неутрализирачки ефекти врз економијата освен нашата влада“ истакна Кадиевска Војновиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЌЕРКАТА КОЈА ЈА УДИРАЛА МАЈКА СИ СО ЧЕКАН ДОДЕКА СПИЕЛА

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен...

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ОПОЖАРИЛ АВТОМОБИЛИ И ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО КУМАНОВО

Фото : Илустрација Министерството за внатрешни работи соопшти дека го...

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ