Каде ли ги спичкаа парите од радиодифузната такса: УЈП ја блокирала сметката на МРТВ!

0
266

Управата за јавни приходи ја блокираше сметката на Македонската радиотелевизија, пренесува телевизија Телма. Од УЈП рекле дека утре ќе излезат со детали за причините за блокирањето на сметката на МРТ.

МРТ веќе подолго време е на листата на десет најголеми должници кон УЈП. Владата попладнево веднаш свика седница  со единствена точка на дневен ред: како да се реши состојбата со МРТ.

Засега нема информации колкав е долгот на Македонската радиотелевизија и кои се причините зошто УЈП се решила на ваков чекор.