КАДЕ ИСЧЕЗНАА ТВИТЕР ПРОФИЛИТЕ НА МЕРИОТ КОАЛИЦИЈА?!

0
480

Во пресрет на обидите да се собори Мицковски во 2020 година на твитер се појавија десетина профили кои се користеа за намена да се зајакнат одредени позиции на поединци блиски или во центарот на таканаречената МЕРИОТ КОАЛИЦИЈА. Овие профили се користеа и за приземни, навредливи твитови кон неистомислениците, а најмногу кон Мицковски и неговата тајфа.

Меѓутоа сите тие профили како по наредба се изгаснаа во ист период кон крајот на минатата година. Кој даде наредба за такво нешто и зошто? Каков сеизмички настан се случи за да се изгаснат сите профили одеднаш? Што се случуваше зад кулисите?

Еден од луѓето за кој што се збореше дека беше организатор на профилите, а за што имаме изјава од еден од делегатите кој што одеше на состаноците во МЕРИОТ:

Коневски беше најблизок соработник на Мијалков ( некои медиуми пишуваа дека тој беше последен со кој Мијалков беше јавно виден пред неговото изчезнување минатата година ) и во кумовски врски со Никола Тодоров.

Познавачите вака коментираат: Твитер профилите се угасија кога отидоа на баци рака во Белата Палата Комшо со уште еден лик. Што тоа таму договорија никогаш не е објавено. Но идејата за предвремен Конгрес се уништи а списоците со потпишаните делегати кои сакаа смена на султанатот исто така исчезнаа.

Дали можеби тие списоци на незадоволни беа дел од трговијата за приклучување како последен вагон на Мицковски не се знае. Но се знае дека еден од ликовите кој што беше поврзуван како организатор на профилите станал адвокат на ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА за немал хонорар…
ИВИЦА КОНЕВСКИ СТАНА “КОМШИЈА” И ВО КИСЕЛА ВОДА: ЛЕВИЦА МУ ЈА ИЗВАДИ ЛИСТАТА НА ХОНОРАРИТЕ КОИ ГИ ДОБИВА КАКО “АДВОКАТ НА ОПШТИНАТА” (ФОТО)

Извор : Пулс24