КАДЕ ВО ПРОГРАМАТА НА ВМРО-ДПМНЕ СТОИ ФРЛАЊЕ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ? ПРАТЕНИЦИТЕ ИМААТ МАНДАТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, ТВРДИ ПРЕМИЕРОТ

0
492

Премиерот Ковачевски рече дека во Програмата на Владата стои членството во ЕУ што подразбира носење одлуки за зачленување во Унијата и праша каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои фрлање молотови коктели врз Собранието?

Пратениците имаат мандат од граѓаните да одлучуваат и работат согласно Устав, Закон и Деловник. Граѓаните на денот на изборите им го предаваат тоа право, обврска и одговорност на пратениците и се што е во рамки на Уставот и законите пратениците го работат, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

– Видов одговор пред некое време, вели пратениците немале мандат за уставни измени, тоа не е така. Пратениците добиваат мандат од граѓаните и работат согласно Устав, Закон и Деловник за и носат одлуки кои што според Устав, Деловник и Закон и тоа е улогата на секој пратеник, бидејќи граѓаните на денот на избори им го предаваат тоа право, обврска и одговорност на пратениците. И се што е во рамки на Уставот, на Законот и Деловникот тоа пратениците го работат. Така било, така е и така ќе биде и во иднина, согласно нашиот Устав – рече Ковачевски. Премиерот Ковачевски додаде дека во Програмата на Владата стои членството во ЕУ што подразбира носење одлуки за зачленување во Унијата и праша каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои фрлање молотови коктели врз Собранието?

– Ако ја погледнете програмата на Владата којашто е составена од страна на сите коалициони партнери, и кои што го имаат и парламентарното мнозинство во Собранието, таму стои придружување и зачленување во Европската унија. Тоа значи носење одлуки за зачленување во Европската унија.  А каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе фрлаат молотови коктели и ќе прават насилни протести во Скопје кога ќе дојде европски предлог, како што беше во јули? Каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе ги блокираат сите закони во Собранието до ниво да не се одобрува финансиска помош во време на најголема светска економска и енергетска криза. Каде стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја блокираат демократската работа на Собранието со вувузели со викање и со навреди? Тоа никаде не стои во програмата а го прават – рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.