КАВГА НА ХОРХЕ И ВЕСТ : Весникот „Вест“ и Хорхе влегоа во отворена војна: Горан Михајловски откако ја распука „заспаната убавица“ Иванов, па го исплеска како мало дете и неговиот генерален секретар!

0
665

vest 4

„Вест“ одговори на реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов на текстот во весникот со наслов „Иванов во изолација на Водно“, претседателот со месеци без официјална државничка средба. Во реакцијата од кабинетот на претседателот  пишува

„Г. Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на дневниот весник “Вест”, очигледно е вашето со години наназад лично непочитување на институцијата Претседател на Република Македонија и лична нетрпеливост кон проф. д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија. Вашите лични фрустрации, комплекси и недостаток на домашно воспитание остануваат само лично ваши. Немојте да го злоупотребувате Вам доверениот медиум, со цел да ги правите јавни.

На ова одговорија од весникот Вест:

Почитуван генерален секретар Борис Јосифовски, ( писмото од Кабинетот на претседателот Е потпишано од ген. сек. Јосифовски). Очигледно е Вашето лично непочитување на весникот “Вест” и лична нетрпеливост кон главниот уредник Горан Михајловски. Вашите лични фрустрации, комплекси и недостиг на домашно воспитание остануваат само лично ваши. Немојте да ја злоупотребувате Вам доверената јавна функција, со цел да ги правите јавни. Токму така покажувате и лично непочитување на институцијата Претседател на Република Македонија, пишува во реакцијата од „Вест“ потпишана од колегиумот на весникот.

Во текстот весникот се повикува на официјалната интернет страница на претседателот во која за последните неколку месеци има објавено соопштенија за две средби со бугарскиот претседател и со хрватската претседателка.

Во реакцијата „Вест“ одговора и на коментарот од кабинетот на претседателот во кој стои:„ На крајот, најљубезно Ви порачуваме – сериозните теми да ги оставите на сериозните медиуми, а Вие да продолжите да се занимавате со Вашите теми, својствени за Вашиот медиум“.

Вест на ова одговора „На крајот, најљубезно Ви порачуваме – сериозните теми да ги оставите на сериозните функционери, а Вие да продолжите да се занимавате со Вашите теми, својствени за Вашата функција.

Целиот текст прочитајте го на Вест.мк