КАВАДАРЦИ ГО СТРИЖЕ ОВЦАТА

0
2946

Здраво, од Кавадарци сум. Во последните 3-4 год се прават криминални планови и местење на тендери, не дека и во поодминатите години немало, но сега е апла пред народ и никој ништо не му можи и нема каде да се пријави таквата работа на Александар Панов познат под прекарот ОВЦА уште мноогу одамна. Можеби баш не можам убаво да се изразам, но верувам дека ќе ме разбериш. Поточно сакам да кажам за врската на КРАДОНАЧАЛНИКОТ со фамилијата на фирмата Ми-комерц. Училишта, градинки, средни училишта, старата болница, заводот за вработувањеи уште многу многу други установи се реновираа, а тендерот за дограма (прозорци, врати..) секогаш го добиваше Ми-комерц.

Само за пример ќе кажам за основното училиште Димката Ангелов – Габерот од Кавадарци, каде еден елемент – прозор, врата не е битно изнесуваа од 1200 до 1700 евра, за кој реална цена е до 250 евра максимално па која и да е фирма. Исто се случува и за сите други установи во градот. Можеби не сите но 70 – 80% од граѓаните знаат дека ОВЦАТА има подарок, автомобил, од Ми-комерц а останатите 20 – 30% само се прават дека не знаат. Од поодамна Ми-комерц купи машини за работа и асфалтирање на улици и булевари кои нон стоп работат а понекогаш не можат ниту да пристигнат затоа што се знае дека сите тендери се доделуваат на нив. Слободно може да се каже дека капиталот на Ми-комец е за 3 пати поголем од пред 8 – 10 години. Исто така Ми-комерц, со свои возила носи луѓе, храна.. Познато е и дека ако си ВМРО-ДПМНЕ има за тебе работно место во Ми – комерц, Дрекслерлмаер, Фени индустри … Членската книшка од вмро дпмне е втора лична карта во Кавадарци кога станува збор за лични документи.

Во 2014 год, директорката на ОУ Страшо Пинџур ја злоупотребувала својата положба безброј пати со што направила штета од над 950. 000 денари. Од мешалица до цемент, лопати, мотика,… па се до кујнски прибор тенџериња, филџани биле платени од буџетот на локалната самоуправа на град Кавадарци. На сите испратници, фактури и слично стои потписот на Васка Јовановска па дури и на нејзиниот сопруг Марко Јовановски кој е директор во Ми-комерц. Исто така фамилијарните ручеци, пречек на гости и излегување со пријателите директорката ги плаќала (потпишувала) на сметка на училиштето. И овоа го знаат кавадарчани, но… Можеби знам само мал од криминалот во Кавадарци но сакам да се знае дека ОВЦАТА и неговите пријатели ги опустоши и ги искради граѓаните на Кавадарци, 4 до 5 фамилии се тие што одлучуваат за градот и кои си ги вртат парите меѓу нив.

Има уште многу многу криминали и со Ффени индустри и со Дрекслерлмаер и во администрацијата во општинската самоуправа, каде во една канцеларија има по 4 до 6 луѓе, кои си играат карти на компјутер и слично но за тоа би ти пишал друг пат ако ти сакаш. Сакам да објавиш какви се криминали има во Кавадарци, како функционираат, но Кога јас би пишал нешто вакво со име и презиме, ќе следува бркање од работа на мајка ми од приватна фирма, на татко ми кој работи во друга фирма фирма и на мене секако. Ме нервира фактот дека заедно со мојата фамилија примаме 40. 000 денари со сите работни денови, со некакви празнични плаќања и прекувремена работа. Затоа сакам да останам анонимен ако објавуваш нешто во врска со воа што ти пишев. Ако те интересира нешто за во град Кавадарци за во врска со вакви слични работи слободно пиши ми ќе се потрудам да дознаам да ти пишам па на крај и да стигне до народот, оти друг начин нема.
Со почит од мене за тебе.

Поздрав

Превземено од фејсбук групата на Зоран Божиновски