Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

КАВАДАРЦИ БАРА ОБИКОЛНИЦА ЗА ДА ГО НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето на воздухот, но и за поголема безбедност во сообраќајот. Околу 14 километри треба да биде обиколницата од кај село Марена до висорамнината Витачево. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за државната МИА, објаснува дека со заобиколницата се планираат и четири кружни тека, со можност за влез во градот од четири различни локации. Само проектот би чинел околу 400 илјади евра, основен, изведбен, ревизиран проект.

Цената за обиколницата не би била помалку од 12 до 14 милиони евра. Се бара од државата стопроцентно да изнајде финансиски средства за оваа инвестиција за регионален транзитен пат или регионална артерија. Целосно да биде инвестиција на државата. Лани и оваа година, Кавадарци е меѓу најзагадените македонски градови.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ