И YouTube со видео од 360 степени

0
795

Новите 360-видеа во живо на YouTube, им нудат на сите корисници шанса да гледаат креативна корисничка содржина дизајнирана за виртуелната реалност.

Најголема предност на технологијата е што корисниците не треба да прават никаква дополнителна инвестиција. Корисникот сам ја вклучува опцијата на YouTube, без никакви очила за проширена реалност или нешто слично.

„Како корисник нема да ви биде потребно ништо. Нема технологија која треба да ја купите или интегрирате“, вели Нил Мохан од Google.