И ТИ ВИКАМ ДРУЖЕ РУТЕ ЗНАЧИ ОВИЕ БУГАРИТЕ ДАЈ МАЛЦЕ ПРИТИСНЕТЕ ГИ ДА ПОПУШТАТ АМАН ЗАМАН ЗА ДОБРОТО НА ЦЕЛ БАЛКАН…

0
233

Премиерот Зоран Заев е на трибините на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам за да го проследи мечот Холандија – Македонија, кој е последен на ова Европско првенство за нашите репрезентативци, а и последен за репрезентативниот дрес за капитенот Горан Пандев.

Заев на својот Твитер профил објави дека дошол во Амстердам да го следи натпреварот по покана на холандскиот премиер Марк Руте. „Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на ‘гостински’ терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес Македонија и Холандија се поблиски“, напиша Заев, додавајќи: „Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас“.

Од она што дознаваме од наши извори на владата е дека Заев и Руте разговарале за проблемот помеѓу Македонија и Бугарија и бугарските националистички ставови со цел да се спречи членство на земјава кон Европската Унија.