И СЕГА ШТО?! И ЗА ОВА ЛИ Е ДАНЕЛА ВИНОВНА?! ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ТОНЕ ВО МРАК И ЃУБРЕ!

0
777

Со денови повеќе од десеттина прометни улици во скопската населба се без улично осветлување, целосно потонати во мрак со што се загрозува јавната, но и безбедноста во сообраќајот, пренесува 24инфо.мк.

Овој проблем е особено присутен на улиците околу стадиониот но и во населбата Дексион, а без јавно осветлување е и кејот на Вардар што многу жители на Ѓорче Петров масовно го посетуваат во жешките јулски ноќи.

Покрај мракот, во оваа скопска општина речиси со месеци редовна слика е и ѓубрето кое може да се забележи буквално на секоја улица и на секој јавен простор.

Фотографии испратени до нивната редакција говорат за состојбата во која се наоѓа скопската населба Ѓорче Петров.

Улици потонати во мрак, ѓубре расфрално низ јавни простори и преполни контејнери стана секојдневие за жителите на Ѓорче Петров.