И СЕГА СПОРЕДЕТЕ И САМИТЕ: ЕДНИТЕ, СПОНЗОРИ НА ВМРО ДПМНЕ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА ДЕРАТ НАРОД ВО ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ, ДРУГИТЕ, ЗАЕВИ ДОНИРААТ МИЛИОН ЕВРА ВО АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ, ПОМОШ ЗА ИЗГОРЕНИОТ ГЛОБАЛ…

0
691

Навистина е многу лесно да се направи споредбата за тоа кој каков бизнисмен е и колку придонесува за државата и народот.

Од една страна го имаш газдата на Орка Холдинг и Систина, главниот спонзор на ВМРО ДПМНЕ кој ем е обвинет дека затаил данок и го оштетил буџетот за од 10 до 20 милиони евра, значи го покрал народот, ем во време на Корона ги дере пациентите кои се лечат во неговата болница со фантастични цени од околу 2000е трошок за еден ден поминат во болницата.

Од друга страна ги имаш Заеви кои практично волонтерски за без пари ја оправат земјата од кризата во која ја остави ВМРО ДПМНЕ, секој ден за тоа трпат црна пропаганда клетви и закани по живот и плус донираат свои пари, околу 1 милион евра донирани пари во возила за брза помош, хуманитарни пакети, донации по луѓе, донација за изгорениот Глобал, донација во медицински помагала и опрема на болници, донирани пари за фондот за плати за лекари…

Колку е тешко да се направи споредба за тоа кој искрено ја сака земјата и народот, а кој само гледа како тој народ да го покраде и да му ги земе парите безмилосно без тронка жал и совест?!

Разликата е како ден и ноќ!