И ПРОВЛАДИНИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПОЧНАА ДА ВАДАТ БЕЛО ЗНАМЕНЦЕ – САШО КЛЕКОВСКИ: Зоран Заев ја добива битката!

0
1525

Saso-Klekovski-5

И режимските аналитичари почнаа да вадат бело знаменце. Во својата колумна во Нова Македонија, аналитичарот Сашо Клековски признава дека Зоран Заев ја добива битката. Еве што тој пишува:

“Зоран Заев делумно ја постигнува целта, не само со тоа што го привлече вниманието на јавноста.

Прво, сè поблиску е во убедување на јавноста за одговорноста на УБК. Во наративот на СДСМ одговорноста е за незаконско прислушување од страна на владината УБК. Во наративот на власта дека станува збор за заговор од групата на Верушевски внатре во УБК, одговорноста е за неуспехот на контраразузнавањето кое со години не нè заштитило од прислушување.

Второ, Зоран Заев начна еден од столбовите или митовите на кои се заснова ВМРО-ДПМНЕ на Груевски, а тоа е единството, монолитноста. Сапуници или очајни домаќинки, објавените прислушувани разговори укажуваат на неединство внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Девет години ВМРО-ДПМНЕ успешно спречуваше домашните караници да не стигнат до јавноста. Сега тоа ѝ стана достапно на јавноста. Уште повеќе, јавноста дозна дека во ВМРО-ДПМНЕ има заткулисни или дворски игри. Дворските игри беа типични за СДСМ, и најверојатно беа значајна причина за нивниот неуспех.

И трето, колку да оговарањата не носат директни докази за незаконски дејства, Ставрески и Јанкуловска во значајна меркаделегитимизираат владини политики пред се „Скопје 2014“ и јавните финансии, нешто што повеќе години е во фокусот на критиката на СДСМ. Сега критиките на СДСМ, за трошењето за „Скопје 2014“ и за јавните финансии добија во веродостојност!

Претходно коментирав за мерките потребни за деескалација, за намалување на поларизацијата, како на пример избегнување на говор на омразата. Се чини дека станува неопходно власта да направи прв чекор со согледување на одговорноста за прислушувањето. И во наративот на СДСМ за незаконско прислушување, и во наративот на ВМРО-ДПМНЕ за заговор на Верушевски, одговорна е УБК. Тоа мора да резултира во оставки и разрешувања сега. Понатамошната разврска може да утврдува можна кривична одговорност, одговорноста за несоодветно вршење на функцијата постои и сега.

Политичка разврска, во смисла на избори, не е доволна. Прислушувањето мора да има судска и/или истражна разврска. За да ја дознаеме вистината. Доколку СДСМ не верува на правосудството, ја отфрла идејата на ЕУ за анкетна комисија, тогаш нека предложи истражна постапка којa би билa прифатливa за нив.

Натамошното инатење на двете страни ќе нè чини многу сите!”