Ќе слушнете како Трајко Вељаноски и Гордана Јанкулоска ги нарекуваат пратениците „индијанци“, како Груевски не може да се обезбеди кворум, како наложува на секретарката да им нареди на пратениците да одат на седница на Собрание и да гласаат за хашките случаи, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција.
– Јанкулоска и Ставрески договараат начини како да не се појават на гласање во Собранието, при што Ставрески вели „Пешевски е на плажа во Грција“, а Јанкулоска додава „и шефот“ – рече Заев.