И ОВИЕ МИСЛАТ ДЕКА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ ЌЕ ЛЕЖАТ ЗАТВОР ЗА НИВ : Оливер и МВР уапсија уште петмина ВМРОВЦИ за нападот врз Села на 27 април

0
3507

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, соопшти Јавното обвинителство.

-Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица“, соопшти ОЈО.

Кире Ѓоргиевски и неговиот татко, исто така учесници во настаните од 27 април веќе се обвинети за обид за убиство на пратеникот.