И МИРКА ЈА РАЗБУДИЈА ЗА ВО ВЕСТИ: Уште не разбудена, сирота стара и плус алкос и климакс и тешка параноја и артритис, жената помеша и ОБСЕ и ООН и НАТО и УЧК и ММФ и ФФМ и КГБ, ФБИ, ЦИА, МОСАД, СССР, Ал Каеда, СФРЈ, СОНК, ССМ, КОМИНТЕРНА, МИ6…

0
750

mirkasitel

Во вестите во 19 часот во Сител гостинка беше Мирка во обид да ја објасни кризата во Гошинце.

Новинарката Цаци три пати акна со главата од масата и за малце ќе ги скршеше забите од тоа стаклото, затоа што Мирка завлече уште од 1903-та па наваму преку балкански војни па прва па втора светска, па АСНОМ, па сите заседанија на АВНОЈ, па потоа смртта на Тито, па независноста на Македонија и таман кога дојде до изборите 1994-та завршија вестите и закажаа гостување за вечер во вестите во 23 часот за да се докаже жената у сред мисла ја прекинаа.

До тогаш Мирка ќе дремнела малце во бифето на Сител и споиле на жената 5-6 фотењи и ја заградиле со една маса од ресторанот на Ѕинго од времето што ја скршија комитите 1996-та во тогашниот упад во Сител телевизија…